Видео: Вака звучат песните од Тоше кога ги пее млад Кинез

Уличниот изведувач, на Инстаграм потпишан како „Wang Xiao Chong“, среде Пекинг ги пее и свири на гитара песните на нашиот Тоше Проески.

Под неговите објави со српските песни од легендарната музичка ѕвезда се редат поздрави и пофали од голем број Македонци, благодарни што уметноста на непрежалениот Тоше се слуша и слави на далеку, дури на другиот континент, години по смртта на талентираниот пејач.