Видео: Ученици од Македонија туркаат автобус на екскурзија за да тргне

Револтирани родители на ученици од СОУ „Добри Дол“ од Кавадарци објавија видео на социјалните мрежи на кое може да се забележи дека нивните деца на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да тргне.

Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева за „Дума“ кажала дека автобусот бил исправен на вонредниот технички преглед и засега екскурзијата се реализирала без проблеми, иако дел од родителите не се согласуваат со тоа.