
Скопјанецот Тони вчера на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на делумно потопената црква „Св. Никола“ во Мавровоското Езеро и притоа ги повика надлежните да интервенираат за ваквото непочитување на црковниот објект.
Тој тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а истовремено е дел од културното и туристичкото наследство на Маврово“.
Овој скопјанец бара соодветна интервенција од институциите и воведување ред и додава и додава дека целта на објавувањето на фотографиите не е навреда на туристите, туку алармирање на јавноста и надлежните институции