
На социјалната мрежа „Х“, твитерџијата со псевдоним „mkCoder“ сподели видео од Солун кое го оставило зачуден.
Во неговата објава, тој сподели дека шетајќи низ еден од најживите квартови во овој град - Лададика, наишол на трубачи, кои во една од таверните свиреле македонски песни.
„Чудно е да се шеташ низ Лададика и да налеташ на трубачи кои свират Македонско девојче и Море сокол пие. Потоа заминаа понатаму, ама уште ги слушав како свират македонски песни“, раскажува твитерџијата во неговата објава.
Чудно е да се шеташ низ Лададика и да налеташ на трубачи кои свират Македонско девојче и Море сокол пие. Потоа заминаа понатаму, ама уште ги слушав како свират македонски песни. pic.twitter.com/mhJr8kuhPj
— mkCoder (@mkCoder) September 18, 2026