Видео: Трка на „Партизанска“ во Скопје заврши со сообраќајна незгода

Трка меѓу два автомобили на „Партизанска“ заврши со сообраќајна незгода, откако едно од возилата удри во контејнер и искрши десетина метални столпчиња.

Очевидци за „Макфакс“ откриваат дека двете возила се тркале, по што возачот на „сеатот“ изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода, а засега не е познато дали има повредени.

-Денеска во 13.25 часот било пријавено дека на бул. „Партизански Одреди“ патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки удрило во контејнер и неколку столпчиња. До овој момент нема пријава за повредени лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, информира МВР.

Видео: Макфакс