[Видео] Тамара Тодевска со хуманитарен концерт во МКЦ: „Ова беше најемотивниот концерт во мојот живот“

Во преполната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, Тамара Тодевска синоќа одржа хуманитарен концерт во знак на поддршка за настраданите во трагедијата во Кочани.

Настанот беше исполнет со силни емоции, а највпечатлив момент се случи кога Тамара ја исполни песната „Ако утре ме нема“ од групата ДНК, при што упати желба за брзо закрепнување на Панчо.

„Ова е најемотивниот концерт во мојот живот. Секогаш ќе го паметам,“ изјави Тодевска на сцената, по двочасовниот настап кој беше поздравен со бурни аплаузи од публиката.

На концертот присуствуваа и претставници на иницијативата „Супорт Кочани“, кои активно собираат помош за погодените од трагичниот настан. Средствата од концертот во целост ќе бидат  наменети 

„Во моменти на тага и болка, секој/а од нас мислеше како може да помогне, а тоа да не е единствено со споделување на апели по социјални мрежи. Јас можам да помогнам преку тоа што најдобро знам да го правам – да пеам. Многупати се докажало дека преку музиката тагуваме, изразуваме болка, емпатија, поддршка... Инаку, иницијално идејата е на мојот татко, Велко, и решив да го послушам и заедно со мојот бенд и тим да организираме хуманитарен концерт за Кочани.“, истакна Тамара во неодамнешното интервју за Скопје Инфо.