ВИДЕО: Страшни снимки од големиот пожар во скопско Кондово

Голем пожар вчеравечер го зафати пределот над скопското село Кондово. Според она што можеше да се види од скопската обиколница зафатена е поголема површина ниска шума. Огнот се приближува кон првите куќи. Дел од жителите ги напуштаа домовите.

Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарот кај скопското село Кондово.

Сепак, огнот го променил правецот и најверојатно нема да зафати куќи. Запалена беше шума во близина на селото.

Од Центарот за управување со кризи велат дека во гасењето на огнот учествуваат 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население, а помош е побарана од Општина Сарај, од Град Скопје за дополнителни сили од комуналните служби и цистерни со вода од ЈП„Водовод и канализација“ и ЈП„Комунална хигиена“.

Пожар во Кондово имаше и во средата.           

Македонија повеќе од десет дена се бори со пожарите во различни региони.