(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа синоќа во центарот на Скопје, возило заврши качено на жардиниера

Сообраќајна несреќа се случи синоќа кај Соборниот храм во центарот на Скопје. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на жардиниера.

На местото на настанот имаше и полициско присуство.

Повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на денешниот ден.