(ВИДЕО) Со крпа во раце, младиот Филип исчисти автобуска постојка во Капиштец

Филип Ѓоргиев - лицето зад профилот „Кеса на 10“ направи убав гест, при што ја исчисти автобуската постојка „Капиштец Црква“ која беше исшарана со графити.

Во неговата објава на социјалните мрежи, тој вели: „Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“.

Инаку, Филип редовно организира акции за собирање отпад на различни локации низ Македонија. Притоа, досега чистел во повеќе градови, меѓу кои и во Виница, а собираше отпад и од дното на Охридското Езеро.

Неговиот профил има повеќе од 31.000 следбеници, а досега се собрани над 3.000 кеси со отпад.