(ВИДЕО) Снимки од местото каде беше ранет носителот на советничката листа на ДУИ во Липково

Денес попладнево во Куманово двајца непознати напаѓачи пукаа кон д-р Зеќирија Шахини, лекар-пулмолог и носител на советничката листа на коалицијата предводена од ДУИ во општина Липково.

Тој е ранет и му се укажува помош во кумановската болница.

Телевизијата „21“ во вестите ги објави првите снимки од местото на кое се случи инцидентот и од полицијата, која врши увид.