(ВИДЕО) Скопското Кале расчистено и уредено - Ѓорѓиевски вели дека е подготвено да ја прераскаже историјата на секој посетител

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашната посета на Скопското Кале и најавата дека еден од најзначајните симболи на Скопје ќе биде жива културна сцена на градот, денеска сподели кратка видео-објава на Фејсбук, на која може да се забележи дека градските екипи го расчистуваат и ставаат во состојба во која треба да биде овој дел на градот.

„Скопското Кале, гордоста на градот! Чисто, подготвено да ја прераскаже историјата на секој посетител“, истакна Ѓорѓиевски во натписот над видеото.

Исто така порача да го чуваме наследството што нѐ обединува, да се грижиме и како такво да им го оставиме во аманет на идните генерации.

Најави дека следуваат големи проекти.