(ВИДЕО) Скопската зоолошка ги тренира инстинктите на своите животни: Еве како малата леопардица Сарина го одбира денешниот оброк!

Од Скопската зоолошка градина денеска споделија интересно видео од малата леопардица Сарина. На видеото може да се забележи како малата Сарина го одбира утринскиот оброк, како што посочија од Зоолошката, водејќи се по своите природни инстинкти.

„Енричментот им овозможува на големите мачки како леопардите да ги изразат своите природни инстинкти: лов, истражување, искачување и обележување територија. Со криење храна, мирисни траги и различни предизвици, нивната околина станува поактивна и поинтересна“, се вели во објавата на Скопје ЗОО.

Резултатот од ваквиот начин е, велат, подобра физичка и ментална благосостојба и животни кои се однесуваат природно.

„Нашата Сарина покрај редовните оброци, често добива и изненадувања за истражување на околината“, информираат од Скопје ЗОО.