Видео: Скопје се подготвува за нов Луна парк, а еве како изгледаше некогашниот

Наскоро Скопје ќе добие нов Луна парк, место кое несомнено ќе биде омилено за најмалите, но и нивните родители, баби и дедовци. 

Како што најавија надлежните во првата фаза од уредувањето на забавниот парк ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.

-Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година, информираа од Град Скопје.

Скопје нема забавен парк веќе 6 години, а некогаш во годините на минатиот век имаше препознатлив Луна парк кој беше место за убави доживувања!

Еве како изгледаше во далечната 1981 година: