(ВИДЕО) Скопје по земјотресот во 1963 година

Пред 53 години односно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.

Штетата од земјотресот е проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.