Видео: Скопје добива нова ботаничка градина

Градот Скопје најавува отворање на нова Ботаничка градина која ќе биде сместена во Зоолошката градина на површина од 12.600 квадратни метри.

-Во неа ќе бидат засадени повеќе од 4.600 уникатни дрвја и садници. Оваа нова градина ќе нуди различни содржини за посетителите, вклучувајќи видиковци, нова урбана опрема и други објекти.

Оваа иницијатива е дел од програмата „За Модерно Скопје“ која има за цел да создаде нови зелени простори во градот. Со овој проект, градот Скопје и неговите жители добиваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесат за подобрување на животната средина и квалитет на живот на граѓаните, објави градоначалничката Данела Арсовска.