(ВИДЕО) Скопје блеска во новогодишна магија - празнична еуфорија на плоштад „Македонија“

Годинава полека привршува и се ближи кон својот крај, а празничната магија веќе е присутна во Скопје.

Новогодишната атмосфера, која претходните години предизвикуваше дебата, па можеби и потсмев кај граѓаните, сега очигледно се чувствува во главниот град.

Пред неколку дена, официјално и симболично скопјани заедно го „светнаа“ градот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа сподели кратка видео објава со која ја долови атмосферата на плоштадот „Македонија“ во изминатите два дена.