(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Цеца на концертот во Велес развеа бугарско знаме - бурни реакции на публиката

Концертот на мега-популарната српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, кој се одржа вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент што ја вознемири публиката.

Според видеата кои се објавуваат низ социјалните мрежи, за време на својот настап, пејачката во еден момент подигнала бугарско знаме, што веднаш предизвикало бурни реакции меѓу присутните.

Дел од публиката почна да ја исвиркува, додека други решиле да го напуштат просторот во знак на протест.

Бројни се реакции и дебатите на социјалните мрежи.