(ВИДЕО) Ситуација во Црниче која предизвика поделени мислења: Камера снима дете како „корне“ заштитно столпче, но снима на јавен простор

На Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ беше споделена видео снимка направена од безбедносна камера на која може да се забележи како, некое дете, навидум лесно успева да подизвади и да легне заштитно столпче ставено покрај улица на делот од тротоарот.

Во натпиост на објавата стои: „Ве молам да објавите. Оваа снимка ќе оди во полиција. Родителот да си го прибере детето“.

Судејќи според видеото, за што мислите дека станува збор, детска шега кон соседот или „деликвенција“ со која ќе треба да си се позанимава родителот на детето?

Во коментарите мислењата беа горе-долу поделени. За некои „снимателот“ немал право да снима туѓо дете и јавни места и со снимката немало ништо да направи. Други пак сметаат дека тоа било „хулиганство“.