На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како наставник пред останатите деца физички малтретира ученик.
Настанот кој случил во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2 е пријавен во полиција.
Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврдила дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот предавал англиски јазик и работел во училиштето повеќе години.
– Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.
На видео снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види како наставникот го удира ученикот, а потоа со двете раце го крева од земја и го спушта, додека другите ученици гледаат.