(ВИДЕО) Се сеќавате ли на воената парада во Скопје пред 14 години, по повод јубилејните 20 години од независноста?

Денеска Македонија ја одбележува 34-годишнината од својата независност. Пред 14 години, по повод јубилејните 20 години од Денот на независноста, во Скопје се одржа воена парада.

На воената парада продефилираа повеќе армиски ешалони и батаљони, каде можеа од блиску да ги видат одбранбените сили на државата чиј специјалности и углед е светски препознаен.

На скопските улици свеченоста ја следеа многу граѓани, кои се уште ја паметат.