Видео: Се сече дрво во Скопје, за да се гледа билбордот на градоначалничкиот кандидат на Кисела Вода, Темелковски

Скопјанец на Твитер објави видео од Кисела Вода на кое се гледа како надлежните сечат младо дрво затоа што не можело да се гледа билбордот на кој е закачена фотографија од актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат од СДСМ, Филип Темелковски.

Скопјанецот кој го снима видеото ги прашува мајсторите додека пилите за сечење се вклучени:

-Зошто го сечете дрвото?

-За да се гледа билбордот, му одговара мајсторот. 

Видеото поттикна многу реакции и коментари со осуда на постапката, но и прашања од скопјани:

„Скопје што ти направија овие?!“