Оваа торта се подготвува брзо и лесно, вкусна е, здрава и погодна за дијабетичари и оние кои се на безглутенска исхрана.

Состојки:

1 шолја од 250 ml ореви

1 шолја овошје (најдобро ситно шумско овошје, од типот на капини, малини, рибизли)

1 лажичка печиво

3 јајца

Малку јаворов сируп по желба

Подготовка:

- Во сецко ставете ги оревите додека не се сомелат како фино брашно.

- Додадете ги јајцата и пецивото и изматете ја смесата.

- Префрлете ја смесата во кружно тавче обложено со хартија за печење и додадете го овошјето врз смесата.

- По желба додадете малку јаворов сируп доколку сакате поблаг вкус.

- Печете во загреана рерна 30 минути на 180°C.

Погледнете го рецептот и направете ја уште денес: