Видео: Прво потресно сведоштво на Јован Костадинов за пожарот во Кочани

Јован Костадинов, средношколец од Виница, иако не бил присутен во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот, покажа неверојатна храброст и пожртвуваност.

Без двоумење, влегол во објектот за да помогне на повредените и загрозените. Прво се приклучил во спасувањето на затекнатите млади во дискотеката, а потоа продолжил да им дава прва помош на оние што успеале да излезат надвор.

Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува.

Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.

Кога излегов надвор на воздух паднав на колена и многу ми се слоши. Ме земаа со една кола да ме носат, а мене очите ме печеа и ми се вртеше. Позади ме возеа со двајца онесвестени, а во болницата беше хаос – рече Костадинов.

Тој наведе и детали за тоа како успеал да се снајде во својата намера да спаси жто е можно повеќе животи.

Го земав цревото, се измокрив. Отидов на главниот влез, ама луѓето таму беа многу заглавени, па влегов низ прозорецот што е кај билетите. Влегов во таа соба, имаше таму четири или пет луѓе. Вратата беше заглавена, ја скршивме и почнавме да ги вадиме еден по еден – раскажува Костадинов.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @supportkocani