Видео: Приведени две лица кои со лажни флешери се обиделе да избегнат контрола за време на полициски час

Две лица се приведени во Полициската станица Чаир откако со лажни флешери се обиделе да избегнат полициска контрола.

Приведените вчера околу 21:30 пуштиле флешери откако полициските службеници им сигнализирале за да застанат на проверка. Биле сопрени кај кружниот тек во Бутел, а бегале кон улица Цветан Димов  – каде што биле фатени.

Во време на пандемија од коронавирусот и полициски час во Македонија се појави и епидемија на лажни флешери кои се користат за избегнување на полициски контроли во време кога во сила е забраната за движење.