
Пожарот кој рано изутринава избувнал во Шуто Оризари, зафаќајќи неколку дуќани сместени во монтажен објект, бил затрашувачки, но пожарникарите успеале навреме да го локализираат, односно пред да се рашири на околните објекти.
Од пожарот биле зафатени неколку објекти, а неофицијално пожарот бил подметнат.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот од Министерството за внатрешни работи.