(Видео) Пожар во спортска сала во Скопје, екипите се на терен

Пожар попладнево ја зафати спортската сала која ја користат Факултетот за физичка култура и Средно фискултурно училиште „Методи Митевски-Брицо“. Учениците се евакуирани, а противпожарната бригада во моментов интервенира на терен. 

На терен присутна е и полицијата.

Во овие моменти во околината на училиштето многу мириса на чад, велат очевидци од терен.