(ВИДЕО) Пожар во Штип: Гореше штала, се спасуваа животни

Утрово во Штип избувна пожар кај некогашната Баргала, каде гореа штала, шут и дрва.

За среќа, од огнената стихија успешно биле извлечени и спасени повеќе кози и мали јариња.

Засега нема подетални за причините кои довеле до избувнување на огнот.

Телевизија „Стар“ сподели видео од непосредна близина на пожарот и акцијата на пожарникарите.