Видео: Пожар во куќа во скопската населба Тафталиџе

Пожар избувна вечерва во гаражен дел во куќа во скопската населба Тафталиџе, во напосредна близина на Факултетот за Туризам. 

Благодарение на брзата реакција на противпожарните служби истиот e навремено локализиран и не е дозволено тој да се прошири во гостунаселените околни објекти. 

Според информациите, соседите го забележале пожарот, а брзата интервенција на повеќе од 15-тина пожарникари била клучна за навремено гасење на пожарот. 

Во моментов припадници на Министерството за внатрешни работи и полицијата вршат увид на местото на настанот. 

Видео од интервенцијата на противпожарната служба: