Универзитет Скопје сподели емотивно и потресно видео од земјотресот во Скопје во 1963 година, кој се случил на денешен ден!
На денешен ден во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди силен земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала, односно 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала.
Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.
Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.
Штетата од земјотресот е проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.