(ВИДЕО) Поместува граници: Македонски професионален војник постави нов армиски рекорд во маратон

Игор МЦ Јакимовски беше дел од маратонот за воени лица на кои требаше да се истрчаат 42. километри под полна опрема.

„Еве сум со македонското знаме. Три и пол часа трчав и сега го извадив македонското знаме да се види и да се знае кој истрча 42. километри и постави нов рекорд, во наши оквири…“, вели меѓу другото Игор МЦ Јакимовски додека трча кон целта на маратонот…Тој додава дека ги поместува границите и ќе продолжи да ги поместува!

Јакимовски е член на повеќе атлетски клубови, вработен во АРМ и со многу успеси зад себе Игор ја полни својата спортска биографија. Учесник на 2 воени олимпијади, повеќекратен шампион во АРМ, државен првак во планинско трчање и спортист на годината во АРМ за 2012 година. 

Погледнете: