Видео полно спомени: Свечено отворање на новата железничка станица

Многумина сé уште добро се сеќаваат на моментот пред точно три децении, кога почна да работи новата скопска железничка станица. Маса народ се собра да го пречека првиот воз, кој пристигна на денешен ден во 1981 година, во 12.32 часот. Гордоста кај скопјани беше голема. Добија супермодерен објект, вистинско архитектонско чудо, какво што немаше во ниту еден град во тогашна Југославија и пошироко.

Погледнете го ова видео кое останува да сведочи на тој момент. Скопјани со задоволство го гледаат и се потсетуваат на оваа случка: