(ВИДЕО) Полицискиот хеликоптер фрлил повеќе од 85 тони вода во изминатите два дена

Полицискиот хеликоптер во изминатите два дена фрлил повеќе од 85 тони вода.

Како што информираа од МВР, вчера и завчера (09/10.09.2025), хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција во повеќе наврати бил ангажиран за гасењето пожар на Скопска Црна Гора и притоа исфрлил преку 85 тони вода.

„Со брзата реакција и професионалниот ангажман, МВР даде важен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на населението и природната средина, велат од МВР.