(ВИДЕО) Полицијата вчера спречила ширење на пожар на СЦ „Борис Трајковски“, при гаснењето девет полицајци завршиле на токсикологија

Полициски службеници вчера спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски. Публиката беше евакуирана, додека девет полициски службеници завршија на токсикологија.

Како што информираа од МВР, вчера (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настанал пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени биле мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.

Исто така безбедно била направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.

Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.