Видео: Погледнете ја новата Нокиа 3310

Компанијата ХМД Глобал официјално на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона ја претстави долгоочекуваната современа верзија на легендарниот мобилен телефон „Нокиа 3310“.

Претставен е неговиот дизајн, ќе биде достапен во две бои, но компанијата не ги соопшти сите детали за тоа какви можности ќе нуди уредот. Засега, се знае дека новата Нокиа 3310 има екран во боја, по дизајнот е многу слична и потсетува на својот претходник, а има и камера од два мегапиксели.

Телефонот не е „паметен“ и ги има истите опции како и оригиналниот, телефонирање, праќање пораки, но ќе има и батерија која ќе трае со денови.

Секако и легендарната игра „Змија“ ќе биде во телефонот. Што друго ќе нуди овој телефон, се уште не се открива, но бидејќи се нуди во време кога телефоните имаат многу други можности, веројатно ќе биде конкурентна на пазарот.