ВИДЕО: Почна протестот против пресудите за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Семејствата на обвинетите за убиството на Никола Саздовски – Саздо, заедно со навивачката група „Шверцери“ денеска од паркот во Чаир го започнаа протетестот ротив судските пресуди од 16 години затвор за убиството на младиот Никола.

Семејствата бараат делата на обвинетите да се преквалификуваат од „убиство“ во „насилство со смртни последици“. Како што велат, пресудите се со двојни стандарди и се носат на етничка основа. Организаторите на овој протест велат дека и тие се жртви на политички монтирани случаи.