Видео: Почина Тина Тарнер - жената која имаше неверојатен глас и енергија

Една од најпознатите пејачки, Тина Тарнер почина вчера, а меѓу фановите засекогаш ќе биде запаметена како кралица на рокот и жена која имаше неверојатен глас и енергија.

Тина Тарнер го одржа својот последен концерт на 5 мај во Шефилд, по што ја заврши музичката кариера по 50 години на сцената.

Долго време беше тајна дека била тешко болна, откако преживеала мозочен удар, а боледувала и од рак на дебелото црево и добила трансплантација на бубрег.

Легендарната пејачка, како будист, никогаш не се плашеше од смртта и тоа често го повторуваше јавно.

-Не верувам во Бог и Ѓаволот, дека има некој таму што ти кажува што си направил правилно, а што погрешно, кажа пејачката во 2018 година.