Видео: Почетоците на МЗТ-Аеродром и како штркот станал лого на клубот

Излезе првиот дел од серијалот на документарци за легендарниот Кошаркарски клуб МЗТ Скопје - гордоста на Аеродром. 

Во првата епизода се раскажува за далечната 1966 година кога и е формиран клубот.

Преку сведоштвото на Домлевски, кој е прв тренер и играч, дознаваме како група ентузијасти го создаваат КК МИК Скопје, кој потоа станува дел од спортското друштво и го добива името КК Скопје.

Ја дознаваме и историјата на штркот, односно кога и како е дојдена идејата токму штркот да стане лого и симбол на клубот. Дарко Кнежевиќ преку видео повик од Црна Гора ја раскажува делумно и приказната од играчки аспект, а еден од првите луѓе и претседатели на клубот, Урош Маљкович евоцираше сподеми од неговиот дом. Иако веќе во поодминати години, сепак неговата фамилија е тука да го поткрепи и поддржи.

Првата епизода ги следи хронолошки настаните од 1966-1983/84, до моментот кога Стерули Андоновски и Мите Маневски заминуваат. 

По прогласувањето на независноста на Македонија, „металците“ веднаш стануваат еден од најрелевантните фактори во македонската кошарка. Тие досега имаат шест шампионски титули во домашниот шампионат (2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година), осум победи во Купот  на Македонија (1996, 1997, 1999 и 2000, 2012, 2013, 2014 и 2016 година) како и два  трофеи во Супер Купот (2004 и 2015 година).