Познатата хрватска травел-блогерка Бојана Станковиќ која го води инстаграм профилот „свјетскипутник“ по видеото од Скопје, објави свои импресии и од македонскиот бисер - Охрид!
Како што сподели во својата инстаграм објава, прва дестинација на нивното семејство била Скопје за кое рече дека не е Лондон, не е Париз, ниту Венеција... , туку е Скопје и упати низа пофалби за градот.
Во компилацијата на фотографии од Скопје, таа направи и интересна паралела со знаменитостите од светските метрополи!
Подоцна, следна нивна дестинација била Охрид каде го посетија центарот, Заливот на коските, Свети Наум...
Хранеа галеби, шетаа низ плажите, уживаа во природата, направија преубави кадри...
Еве какви видеа објавија од нашиот Охрид!