Денес, на Меѓународниот ден на семејството, со гордост ја претставуваме „Насмевка“ – песна посветена на сите деца што заслужуваат да растат во љубов, сигурност и со многу насмевки стои во објавата на СОС Детското село.
Од таму посочуваат дека семејството не е само заедница туку тоа е местото каде секое дете ги прави своите први чекори, учи да сака, да верува и да сонува.
„Со „Насмевка“, ја славиме моќта на семејството и се потсетуваме дека секое дете заслужува безгрижно детство, исполнето со љубов и поддршка. Песната е создадена со огромна љубов од Игор Атанасовски - Гуру Харе, во изведба на десет македонски музички ѕвезди:
Мијата, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Влатко Лозаноски – Лозано, Дани Димитровска, Сара Мејс, Стефан Филиповски (Некст тајм), Антониа Гиговска и Никола Перевски – Пере (Нокаут)“, се додава во нивната објава.