Видео: Пијан возач со автомобил влетал меѓу луѓе во прилепско

Синоќа се случил инцидент во село Секирци, прилепско, кога пијан возач со автомобил влетал меѓу толпа луѓе, објави „Маркукуле“.

Жителите на селото биле собрани за прославата на Спасовден, а за медиумот откриваат дека Фикрет од село Пешталево „лудувал“ со автомобилот, додека тие се обидувале да го избегнат.

Во групата луѓе имало и деца кои биле преплашени од пијаниот возач, а инцидентот бил пријавен во полиција.

-На 25.05.2023 околу 19.00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево. Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема. Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.