(Видео) Песни и ора пред Собранието на РМ

Пред Собранието приврзаниците на движењето „Бојкотирам“ слават по објавените првични резултати за одѕивот на референдумот според кои до 18 и 30 часот гласале 34,09 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список.

Неколку стотици граѓани со песна и оро ги слават резултатите. Граѓаните со транспаренти и знамиња во рацете извикуваат: „Слободна Македонија“.

Претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров, посочи дека ги отфрлаат резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата. „Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот, пратениците најмалку 2 години не може да гласаат за договорот со Грција“, изјави Тодор Петров од прославата пред Собранието.