Видео: Ова е вистинската и тажна причина поради која луѓето изневеруваат!

Се смета дека има многу причини за изневерување: незадоволство, каење, зголемено либидо, досада… Меѓутоа, постои ли една, вистинска причина?

Дефиницијата за изневерување е нејасна и до ден денес, а експертите одвреме-навреме во прв план ставаат потполно различни причини за изневерување.

Сепак, креативниот тим на „The School of Life“ неодамна објави видео во кое целиот проблем се сведува само на една работа: конфликтот помеѓу блискоста и оттуѓеноста.

Според нив, клучот за стабилна врска се крие во рамнотежата помеѓу овие два фактори.

Од една страна, потребно е да се оддалечиме од партнерот за да немаме чувство дека управува со нас. Не сакаме да го изгубиме своето јас, едноставно сакаме слобода. Од друга страна, преголемата оттуѓеност може да доведе до тоа да се чувствуваме отфрлено, осамено и несакано.

Работите значително ги комплицира фактот дека во огромен број од случаите, личностите кои влегуваат во врска влегуваат со различни очекувања.

Затоа се наметнува прашањето: Можеме ли да направиме нешто за да го избегнеме тоа?

Одговорот побарајте го во видеото: