(Видео) Ова е геноцид! На повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро, извести Стефковски

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски објави дека вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро. 

- Ова е геноцид. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен! Се очекува да има прекин и на електричната енергија, предупреди тој на својот фејсбук профил споделувајќи видео од страшниот пожар.