
Општините низ државата, како и во Скопје и скопскиот регион, веќе започнаа со украсувањето за претстојните новогодишни и божиќни празници.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски прку видео-објава на социјалните мрежи сподели дека општината веќе заблескала во новогодишните светла и празничниот амбиент.
„Илинден блесна во новогодишна светлина“, гласи натписот над видео-објавата на градоначалникот.
Подолу на видеото можете да видите како годинава е украсена оваа општина.