(ВИДЕО) Опожарени пет возила, од кои две се целосно изгорени, повредено е и едно лице - Детали за вчерашниот пожар од Кале

Едно лице било повредено во пожар кој вчера попладнето избувна под скопското Кале каде горела сува трева, смет и паркирани автомобили, соопшти МВР.

Според, првичните информации од полицијата во пожарот е повредено едно лице а опожарени се три возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека во пожар што вчера избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион опожарени се пет возила, од кои три се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 15:40 часот, при што било пријавено дека гори сува трева, смет и паркирани автомобили.

-Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот, информира командантот.