
Охриѓаните Илија Трале Левески и Ристе Лекоски, изминатите десетина дена ги минале на велосипед од Љубљана до Охрид преку Јадранската магистрала.
Во Охрид тие биле пречекани од најблиските.
За „Охрид њуз“ тие ја раскажаа својата авантура, за која низ смеа рекоа дека не би ја повториле.
Најголем предизвик изјавија дека не им било возењето, туку тоа што требале да се снаоѓаат од ден за ден.