(ВИДЕО) Охрид во 1960-тите: Полни плажи со „фит“ луѓе и летни тераси со дотерани гости

На социјалната мрежа „Х“ беше споделено необично видео од 60-ите години на минатиот век од Охрид.

На видеото може да се забележат градските плажи, летните тераси преполни со гости, модниот стил, но и тоа колку луѓето биле „фит“.

„Охрид, Северна Македонија, Југославија...Шеесетите години“, стои во натписот на објавата.