Видео од полицаец како вежба среде улица во Скопје стана вирален хит

Млад полицаец среде Скопје, на улица, одлучи да си го заврши пропуштениот тренинг.

За среќа, некој успеал да го овековечи моментот со камера, па тоа видео деновиве стана вирално на социјалните мрежи.

И додека на некои им делува само смешно и интересно, најголемиот дел од коментарите за младиот полицаец се: „Ова е за поздрав. Дај боже барем половина од полицајците да се како овој“.