Видео од една друга страна на секојдневното живеење: Снег и природа на магичната Пониква

Пониква е туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква зазема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Ова видео ја покажува другата страна на секојдневието, магичната природа каде функционираат други закони.