Видео: Објавени евровизиската песна и спот

Lost and Found е песната која ќе нè претставува на годинешниот избор за најдобра песна на Евровизија. 

Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Cue, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.

Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно т.н. one shot спот.